Дејан Камчев останува во Шведска

Кружниот напаѓач Дејан Камчев и во следната сезона ќе настапува во Шведска, во тимот на Никопинг.

Македонскиот интернацоналец и шведскиот тим ја активираа втората сезона од договорот што беше потпишан минатата година.

Тимот на Камчев, Никопинг, ја заврши оваа сезона на шестото место во Втората дивизија на Шведска.

Настапите во Шведска се први во странство за искусниот пивот, кој потекнува од составот на Преспа од Ресен.

Освен за Преспа Ресен, Камчев во Македонија своевремено настапуваше и за тимот на МРК Вардар.