Десподовска и Кобержице го освоија трофејот во Купот на Полска

Македонската интернационалка Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска, со својата екипа Кобержице е победник во Купот откако во финалето го совладаа бранителот на титулата Заглебје Лубин со 23:21.

Десподовска извонредната сезона во дресот на Коберижице ја круниса на најдобар можен начин, со освоен трофеј. Таа во финалето постигна два погодоци и имаше свој придонес во победата.

Коберижице имаше особено добро прво полувреме кога доминираше на теренот и обезбеди одлична преднот на полувремето од 14:8. Оваа разлика се поккажа доволна за конечен триумф.

Заглебје Лубин во второто полувреме се обиде да стигне до целосен пресврт но, Десподовска и колешките не дозволија и се радуваа на трофеј во Купот на Полска.