Тимот на Кобержице, каде што игра македонската интернационалка Зорица Десподовска, прослави нова победа во полскиот шампионат.
Кобержице на домашен терен славеше против Кожалин со убедливи 35-24, во натпревар од 26 коло.
Десподовска беше најдобра на теренот во победничкиот тим и успеа да постигне шест погодоци против Кожалин.
Кобержице сега има 51 бод, исто колку и составот на Јарослав, пред нивниот меѓусебен дуел следното коло што ќе одлучи кој тим ќе заврши на третото место.
Десподовска и нејзиниот тим следната сезона ќе играат во Лигата на Европа.