Македонската интернационалка Зорица Десподовска, која настапува во првенството на Полска, поточно за тимот на Кобержице, заедно со своите колешки ја продолжуваат борбата за второто место на табелата.
Екипата на Кобержице во натпревар од 14. коло од полскиот шампионат славеше убедлива победа над Гниезно со 34:24. Победникот на овој дуел беше решен уште во првото полувреме, кое што заврши во корист за Кобержице од 15:10.
Левиот бек од Македонија во одиграните минути на терен постигна три погодоци во мрежата на противникот и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.
Кобержице моментално се наоѓа на 3. позиција на табелата и веќе од поодамна има обезбедено пласман во плеј-оф фазата и ќе разигрува за титулата.
Тимот на Десподовска по 14. одиграни кола има 31 бод на свое конто, два бода повеќе има второпласираниот Лублин, додека актуелен лдиер е Заглебие со 42 бода.