Македонската интернационалка Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска за тимот на Кобержице, уште еднаш беше најдобра за својот тим и го предводеше до победа на гостувањето кај Лублин со 22:23.
Таа беше стрелец на пет погодоци, а особено добро издание имаше во првото полувреме кога постигна четири гола.
Првиот дел беше многу израмнет, со цврста игра и малку голови, после 30 минути игра беше израмнето 9:9. Во продолжението Кобержице успеа да се избори за триумф над ривалот кој е едно место пред нив на табелата.
И покрај победата тимот на Десподовска останува на третото место со големо заостанување зад Лублин и водечкиот Заглебје кој може да биде најзадоволен од поразот на ривалот за титулата.