Поранешната ракометарка на Металург, Зорица Десподовска одигра одлична партија во дресот на Кобержице и заедно со нејзината екипа обезбедија место меѓу најдобрите четири екипи, кои ќе се борат за освојување на титулата во Купот на Полска откако беа убедливи против Келце, со резултат 43:23.
Левиот бек од Македонија беше главна алка во победничката екипа. Ракометарките на Келце немаа никакво решение како да ја запрат Десподовска, која постигна десет погодоци и подели неколку асистенции.
Воедно, Десподовска беше најефикасна на натпреварот и најзаслужна за пласманот на Кобержице на Ф4 турнирот во Купот на Полска.
Клубот на Десподовска останува во игра за титулата во Купот, но исто така има голема шанса да направи одличен успех во шампионатот на Полска и да обезбеди излез на европска сцена.