Тимот на Кобержице, каде што игра македонската интернационалка Зорица Десподовска, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Полска.
Македонката беше најекспонирана во домашниот тим и постигна осум голови, односно една третина од вкупниот број на домаќинките.
Десподовска ја продолжи одличната форма во која игра во текот на целата сезона во полскиот шампионат.
Кобержице на домашен терен беше подобар од составот на Јарослав со 23-21, иако на полувреме губеше со 12-14.
Останатите тимови што ќе му се придружат на Кобержице, ќе бидат дополнително познати по одигрувањето на сите натпревари.