Десподовска ги воодушеви Полјаците – упати проектил кон голот на Лублин (ВИДЕО)

Македонската интернационалка Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска за тимот на Кобержице, уште еднаш беше најдобра за својот тим и го предводеше до победа на гостувањето кај Лублин со 22:23.

Таа беше стрелец на пет погодоци, а особено добро издание имаше во првото полувреме кога постигна четири гола.

Полските медиуми покрај одличниот настап на македонската ракометарка го издвоија и голот кој го постигна на самиот старт на првото полувреме кога Десподовска испрати вистински проектил од девет метри за кој противничката голманка немаше одбрана.