Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска продолжува со одличните игри за својот клуб Кобержице.
Десподовска и нејзините соиграчки славеа во дерби натпреварот против нејзиниот поранешен клуб, Пјотрковија, со три гола разлика, 26:23.
Левиот бек од Македонија на овој натпревар имаше 100% реализација, односно шест погодоци од исто толку обиди. Десподовска сите погодоци ги постигна од пенал.
Во следното коло, ракометарките на Кобержице ќе гостуваат кај незгодниот состав на Старт Елблаг.
Кобержице на табелата се позиционираше на третото место со 36 бодови. Тимот на Десподовска има големи шанси да избори пласман на европска сцена, но за таа цел ќе треба максимално да одработи до самиот крај во полскиот шампионат.