Екипата на Деспина оствари важна победа на гости против тимот на Спартак. Составот од Прилеп славеше 31:26 со што се проби во горниот дел на табелата.
Првото полувреме беше потполно израмнето, ниту една од екипите не успеваше да направи осетна предност. Движењето на резултатот во првиот дел најавуваше неизвесност до крајот на натпреварот. На одмор заминаа со нерешени 11:11.
Сепак второто полувреме припадна на гостинската екипа која гол по гол ја градеше предността. За прв пат на највисоки пет плус, тимот на Деспина се одлепи кога поведе 20:15. До крајот немаше проблеми да ја задржи позитивата, а гостите имаа и повисоко водство од девет гола.
СПАРТАК – ДЕСПИНА 26:31 (11:11)
Сала: ОУ Круме Кепески во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
СПАРТАК: Филиповска, Неделковска 2, Андонова, Китановска 3, Костадиновска 1, Георгиевска, Самарџиска, Стефановска 11, Величковска 2, Димитрова 3, Лазаровска, Кузмановска, Кимовска, Кимовска 1, Мартиновска 3, Домазетовска.
Седмерци: 9/10. Исклучувања: 10 мин.
ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска, Гулеска, Рипиловска 4, Цаневска, Ристеска, Камческа 5, Крстеска 2, Цветкоска 2, Спиркоска, Јовеска 6, Богеска, Седлоска1 Филипоска 10, Рипилоска 1.
Седмерци: 2/4. Исклучувања: 8 мин.