Ракометарките на Деспина забележаа уште еден пораз на натпреварите од Европскиот куп откако и на реваншот загубија од Скара од Шведска со 15:38.
Од почеткот на средбата домашните беа во предност,а во 8. минута веќе имаа 8:0. Деспина првиот гол го постигна во 9. минута, а големата негатива беше одраз на распоредот на силите. Не можеше да се следи, па беше јасно дека составот на Скара ќе слави уште една победа.
Како што одминуваше времето така станува јасно дека ова ќе биде пораз со висока разлика. На полувреме беше 7:22, а потоа во вторите 30 минути уште повеќе бидејќи конечните 15:38 беа навистина превисоки.
Со пет гола најефикасна беше Сара Богојеска, три имаше Гулеска, по двапати прецизни беа Камческа, Бечирхоиќ и Еленин, додека Михаела Петреска еднаш го погоди голот на Скара. Прв стрелец на средбата со десет гола беше Евелина Стром.
Вчера на првиот натпревар кој исто така се играше во Шведска, а домаќин беше тимот на Деспина, екипата на Скара победи со 37:10.