Деспина се прошета низ Ѓорче Петров

Ракометарките на Деспина од Прилеп ја остварија четвртата победа оваа сезона во Женската лига.

Избраничките на Страшо Илиески славеа повеќе од убедливо на гостувањето кај Ѓорче Петров со 14-32.

Прилепчанки поведоа со 0-5, беше и 1-10 и стана јасно каков натпревар ќе се гледа до крајот. На паузата беше 4-19.

Во второто полувреме домашните беа подобри и постигнаа повеќе погодоци, но ни оддалеку не беше загрозена гостинската победа.

Најефикасни во победничкиот тим беа Камческа со шест и Цветкоска со пет погодоци, додека кај Ѓорче Петров се истакна Цветановска со шест голови.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080