Тимот на Деспина ја забележа првата победа во новата сезона од Женската лига, откако славеше над Кузман Вардар со 31-22.
По поразите од Металург, Ѓорче Петров и Стружанка, сите кандидати за плеј-оф, избраничките на Страшо Илиески се израдуваа на првите бодови.
Гостинките од Илинден парираа на стартот на мечот, но попуштија во финишот на полувремето и прилепчанки на пауза заминаа со плус пет, 17-12.
Во вториот дел тргна неверојатна серија на Деспина. Домаќинките погододија седум пати по ред за 24-12 и веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите.
Најдобри стрелци кај Деспина беа Михаела Петреска со девет и Ева Рипилоска со осум погодоци, додека во Кузман Вардар се истакнаа Сандра Јовевска со девет гола.