Ракометарките на Деспина остварија важна победа во 12. коло од Женската лига, на домашен терен беше совладана екипата на Чаир која досега бележеше одлични резултати. Екипата од Прилеп го скрши противникот во вториот дел и славеше 28:25.
Деспина подобро влезе во натпреварот и имаше водство од три гола. Следуваа добри минути на Чаир кој со серија од пет гола го сврте резултатот. До крајот на полувремето беше повторно израмнето како и што се одите на одмор со 11:11.
Во продлжението и двете екипи имаа свои добри периоди, а резултатот до средината на полувремето остана израмнет. Деспина го искористи падот на играта на противникот и успеа да се одлепи на пет предност, 24:19. Ова заостанување беше недостижно за Чаир до крајот на дуелот и мораа да се помират со третиот пораз.
Најефикасна во екипата на Деспина беше Сашка Филиповска со десет погодоци, додека Елена Рипилоска беше прецизна шест пати. Недоволни за позитивен резултат беа 17 голови на Анастасија Николовска за екипата на Чаир која немаше доволна поддршка од соиграчите.
ДЕСПИНА – ЧАИР 28:25 (11:11)
Сала: РР Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Методија и Михајло Илиевски. Делегат: Александар Стефановски.
Деспина: Димитриеска, Гулеска, Боризоска, Рипилоска 6, Ристеска, Камческа 3, Крстевска 1, Цветкоска 3, Јовеска 4, Богеска, Спиркоска, Цаневска, Седлоска 1, Рипилоска, Филиповска 10.
Седмерци: 7/9. Исклучувања: 14 мин.
Чаир: Сандева, Петровска, Петровска, Николовска 3, Каранфиловска, Бакиќ 1, Димитриевска, Рамуко, Рамуко, Сали, Мартиновска 1, Реџеп 2, Кицеска 1, Ѓуриќ, Николовска 17, Камбери.
Седмерци: 8/9. Исклучувања: 14 мин.