Десниот бек во одлична форма – Ѓорѓиевска распали по Галаци

Тимот на Магура Чиснадие, каде што настпаува македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, славеше убедлива победа во романскиот шампионат.

Предводена од нашиот десен бек, Магура без поголеми проблеми триумфираше над тимот на Галаци со 27-19, а на полувреме беше 14-9.

Ѓорѓиевска беше најдобар стрелец и успеа да постигне седум погодоци од осум обиди, а зад неа беше Лисевска која даде четири гола.

Магура игра одлично на стартот на сезоната и успеа да забележи три победи и еден пораз.