Десет секунди, а „фати“ три зицери – голманот ги излуде противниците (ВИДЕО)

На средбата меѓу тимовите на Бенфика и Хорта во првенството на Португалија се случи несекојдневен момент бидејќи за само десетина секунди голманот на гостите успеа да одбрани дури три зицери. Харис Плех кој пред некоја сезона беше дел од тимот на Пелистер имаше моменти за одбележување и дефинитивно потези кои заслужуваат пофалба. Сепак, не помогна многу бидејќи Бенфика победи со 27:22.