Тимот на Линц, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци, десното крило Никола Костески и средниот бек Горан Крстевски, забележа победа во плеј-аут разигрувањето во австрискиот шампионат.
Линц иако губеше на полувреме со 12-10 на полувремето на гостувањето кај составот на Барнбах, сепак направи пресврт најмногу по заслуги на Котески и славеше победа со 24-26.
Токму Костески беше прв стрелц со десет погодоци од десет обиди, додека Крстевски беше творец на три гола од пет гола. Линц во следното коло ќе игра на домашен терен против Вест Виен.