Десет клуба со загарантирано место, шест чекаат валјд-карта за Лигата на шампионите

Со финиширањето на Лигата на шампионите во женска конкуренција веќе почнаа плановите за следната, па веќе се обезбедени десет места за натпреварувањето така што десет екипи се сигурни за играњето во новата сезона.

Победите во домашните шампионати за тимовите на Ференцварош (Унгарија), ЦСКА Москва (РУсија), Одензе (Данска), ЧСМ Букурешт (Романија), Брест (Франција), Кристијансанд (Норвешка), Будуќност (Црна Гора), Борусија Дортмунд (Германија) и Подравка (Хрватска). Десеттиот тим е Ѓер, кој го обезбедува местото како клуб од земја со најдобар пласман во последните три години во Лигата на Европа (претходно Куп на ЕХФ).

Остануваат шест празни места, а тие ќе бидат пополнети од тимовите кои имаат најави за барање на вајлд-карта. За четири места се смета дека се сигурни за Ростов Дон (Русија), Мец (Франција), Есбјерг (Данска) и Крим (Словенија).

Другите две места би требало да бидат поделени за некој од тимовите кои се очекува да поднесат барање за вајлд-карта како: Баја Маре (Романија), Битигхајм (Германија) и Кастамону (Турција). Сепак, тука има простор и за други клубови бидејќи аплицирањето за учество во Лигата на шампионите трае до 15 јуни.