Десеткуваниот Фленсбург ја доби драмата со Мешков Брест

Десеткуваниот Фленсбург кој со 13 играчи гостуваше кај Мешков Брест, успеа да се врати со полн плен откако славеше со 26-28. Без Сван, Гола, Цемпер и Халд, како и со преморените Готфридсон, Ване и Менса Ларсен, германскиот тим сепак на крајот се радуваше на триумфот.

Фленсбург отвори со водство од 1-4, но домаќините чии акции најчесто ги завршуваше Паниќ израмнија на 5-5 по десетина минути. Германскиот тим водеше со еден до три гола разлика во продолжение, но падна концентрацијата во финишот. По 12-14, домашните успеаја за две минути да постигнат три погодоци и на пауза да заминат со гол позитива.

Во второто полувреме избраниците на Раул Алонсо го диктираа темпото и успеваа да ја одржуваат предноста до 45. минута кога беше 22-20. Потоа следуваше пад во играта, а гостите ги казнуваа сите грешки на Брест и стигнаа до предност од три погодоци, 24-27.

Обрановиќ и Селвасјук намалија на 26-27 за драматични последни две минути. По тајм-аутот на Макула, Фленсбург немаше премногу идеја во нападот, но Јоханесен сепак погоди во мрежата на Пешиќ, а за домашните немаше време за нешто повеќе.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јоханесен со девет погодоци, а голманите Бергеруд и Буриќ собраа 14 интервенции. Кај Мешков, голманот Пешиќ имаше 11 интервенции, а најдобри стрелци беа Врањеш, Ваилупов и Паниќ со по пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123