Петопласираниот Кичево во Плеј-аутот во машка конкуренција забележа висока победа против Партизан Гевгелија кој се наоѓа на седмата позиција. До победата Кичево дојде во натпревар во кој доминираше од почетокот до крајот и славеше со 26:35.
Неизвеснота околу победникот во овој натпревар беше присутна само во почетните минути од натпреварот. После 2:2 во тие минути гостинската екипа ја презема контролата и започна да го трасира патот кон победата.
Немаше Кичево некоја подолга серија без прекин, но затоа имаше неколку пократки, а најдолгата во првиот дел беше 4:0. На пауза гостите имаа огромни 11:22.
После таквата предност стекната во првиот дел во вториот прашањето беше само со колкава разлика Кичево ќе ги освои бодовите во овој дуел. Во ниту еден момент домаќините не се ни доближија, во најголем дел од мечот Кичево ги одржуваше тие девет-десет гола предност. На крајот Кичево запиша триумф со девет гола разлика.
Во редовите на победничкиот тим најрасположени беа Јолески Петар и Новески Владимир со по шест гола. Треба да се спомене дека вклучувајќи ги и голманите само пет ракометари на Кичево не постигнаа гол. Кај Партизан Гевгелија се истакна Ѓорѓе Банцалиски со десет гола.