Од денеска почнува новата сезона во Супер женската лига, а 13 екипи влегуваат во трка за трофејот.
Во 1. коло има неколку дуели на кои гостинките се со улогата на фаворитки, а така ќе биде во Битола и Скопје, каде Металург и Куманово гостуваат против составите на Пелистер и Спартак.
Се очекува најголемото возбудување да биде во Струга каде што составот на Стружанка ќе го пречека Вардар и тука ќе се види кој состав успеал подобро да се подготви за новата сезона.
За разлика од овие дуели, Чаир е домаќин и денеска од овој тим се очекува да обезбеди три бода бидејќи влага како фаворит на дуелот против Кузман Вардар.
Двојките и саатниците за старт на дуелите од 1. коло можете да ги видите во продолжение.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
ПЕТОК, 18 СЕПТЕМВРИ
16:00ч
СТРУЖАНКА – ВАРДАР
Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.
ПЕЛИСТЕР 2012 – МЕТАЛУРГ
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
17:00ч
СПАРТАК – КУМАНОВО
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
19:30ч
ГЕВГЕЛИЈА – ДЕСПИНА
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ШАМПИОН
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
20:30ч
ЧАИР – КУЗМАН ВАРДАР
Сала: „ОУ 7 Март“ во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК е слободен