Уште во 2. коло од новата сезона во Супер женската лига доаѓа до дерби дуел на две екипи кои најавуваат борба за висок пласман.
Од 16:30 часот во салата во „Автокоманда“ тимот на Металург го пречекува Чаир во битка за важни бодови. И двата тима посакуваат триумф, а многу ќе биде важно да се види кој состав ќе може да дојде до нив.
И двете екипи се во добра позиција после првото коло, но сега ќе се види кој во моментов има подобар состав и кој тим работел подобро за време на подготовките. Познато е дека Чаир ќе игра во Европскиот куп против Наиса, па секој натпревар е добра подготовка и за тие дуели.
Оттаму Металург ќе биде добар тест за квалитетот на Чаир, а секако ќе се види и колку сè уште актуелниот шампион е подготвен за она што претстои во новата сезона кога треба да ја брани титулата.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО
НЕДЕЛА, 20 СЕПТЕМВРИ
12:00ч
ВАРДАР – ГЕВГЕЛИЈА
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Сашо Јанкулоски и Мартин Јованоски од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.
15:30ч
КУЗМАН ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Марко Огњановски и Дајман Савиќ од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.
16:30ч
МЕТАЛУРГ – ЧАИР
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.
18:00ч
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 2012
Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Драган Јовановски од Штип и Иван Јованов од Радовиш. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
18:30ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – СТРУЖАНКА
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Блаже Михајлов и Благоја Кимовски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
19:30ч
ДЕСПИНА – СПАРТАК
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.
ШАМПИОН Е СЛОБОДЕН