Денеска се игра големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во Битола.
Македонската телевизија, ќе врши директен пренос од битката на двата евро претставника на својот трет канал.
Овој натпревар нема да реши кој ќе биде шампион, но ќе најави која екипа ќе има помирна зима.
Мечот во салата „Боро Чурлевски“ започнува во 18:00 часот, а преносот на третиот канал на националниот сервис пет минути порано со коментар на колегата Југослав Костовски.