Во дербито од Групата 2 во Првата машка лига бодовите останаа за домашниот состав откако КЛ 7 денеска успеа да дојде до победа против Младост Богданци со 32:30.
Ракометарите на двете екипи имаа свои моменти и се наоѓаа во предност, но нијанси решаваа кој ќе ги освои бодовите. Ова беше битка меѓу две екипи кои се во зоната за плеј-оф, па на тој начин беше и добро меѓусебно надигрување.
Младост Богданци во првиот дел имаше подобра игра. Голманот Паунков одбрани три пенали и го држеше својот тим во предност. Искусните Стоилов и Роглев лесно доаѓаа до позиции за шут, но не можеа да го зачуваат водството, па на одмор беше нерешено, 16:16.
Во второто полувреме имаше постојана резултатска тензија. Се работеше за тоа кој ќе направи подобар потег за да може да дојде и до подобар резултат. На крајот решаваше еден до два удари, а во нив домашните беа попрецизни, па се радуваа на бодови.
Ова беше добра средба во која нијанси одлучија каде ќе одат бодовите.
КЛ 7 – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ 32:30 (16:16)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
КЛ 7: Петрески, Богдановски, Трајковски, Стојков 5, Крстевски, Цветаноски 5, Даев, Ѓоргиев 2, Каковски, Симоноски 4, Илиески 2, Павлов, Димовски 8, Гучески 6, Мирчевски.
Седмерци: 2/5, Исклучувања: 6 мин.
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Паунков, В. Демерџиев, Попов, Михајловиќ 2, Роглев 10, Стоилов 13, Тачевски, Павиќ 1, Фиданов 1, Наумовски 2, Кимов 1, Ѓ. Демерџиев, Чрчев, Роглев, Ѓуриќ
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.