Дербито во женското четврт-финале е за Холандија и Франција

о четврт-финалето на Олимписките игри во Јапонија во женска конкуренција се најдоа седум репрезентации од Европа и една од Азија, па во елиминациите на три дуели има изразити фаворити од кои се очекува да се пласираат во финалето.

Норвежанките кои се единствени со максимални пет од пет ќе се соочат со Унгарија, а победникот од овој дуел во полуфиналето оди на подобриот од пресметката меѓу Русија и Црна Гора.

Дербито е меѓу Холандија и Франција и тука ќе биде навистина интересно. Во полуфиналето победникот ќе треба да се пресмета со селекцијата која ќе биде подобра од дуелот меѓу Шведска и Јужна Кореја.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ (ЖЕНИ)

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА

ХОЛАНДИЈА – ФРАНЦИЈА

РУСИЈА – ЦРНА ГОРА

ШВЕДСКА – ЈУЖНА КОРЕЈА