Откако денеска одработеа натпревар на Олимписките игри во машка конкуренција и го судеа дуелот меѓу Данска и Норвешка, „омилените“ сестри Шарлот и Жули Бонавентура се делегирани за натпревар и утре од женското четврт-финале и ќе го судат дуелот меѓу Норвешка и Унгарија.
За разлика од машкото четврт-финале овде не се очекува да има така силен дуел бидејќи Норвежанките се големи фаворитки за победа.
Дербито меѓу Франција и Холандија им е доделено на Данците Хансен и Мадсен, додека Русинките Алпаидзе и Барежкина ќе го судат натпреварот Шведска – Јужна Кореја. Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик ќе ја делат правдата на средбата меѓу Црна Гора и Русија.
Драган Начевски е еден од делегатите на средбата Шведска-Јужна Кореја.