Денес ќе се одигра мајсторката во данскиот шампионат, во кој за првото место ќе се борат актуелниот бранител на титулата ГОГ и скапиот проект на Алборг.
Двете екипи во текот на регуларниот дел, како и во плеј-оф фазата имаа неколку киксови, но на крај дојдоа до зацртаната цел.
Тимот на ГОГ, кој годинава направи историски успех во Лигата на шампионите, откако обезбеди четвртфинале, на првиот дуел против Алборг славеше со 31:30.
Алборг го доби вториот финален дуел со пет гола разлика, 34:29, и се избори за мајсторка.
Победникот ќе обезбеди директно место во Лигата на шампионите, додека второпласираниот ќе може да аплицира за вајлд карта.
Голманот Никола Митревски и Порто денеска го играат полуфиналето од Купот на Португалија против Спортинг, а во Франција се играат финалните средби од Купот и кај мажите и кај жените.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:30 АЛБОРГ – ГОГ (ДАНСКА)
14:00 КАСТАМОНУ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)
16:00 МАДЕИРА – ПОВОА (ПОРТУГАЛИЈА)
16:30 СКЈЕРН – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)
18:15 МЕЦ – ПАРИЗ (ФРАНЦИЈА)
18:30 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)
20:30 МОНПЕЛЈЕ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)