ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Јанеска и Гакидова со нов предизвик во турскиот шампионат

Понеделникот стандардно не изобилува со многу натпревари. После викендот во кој се играше речиси насекаде низ Европа, денес ќе има само неколку дуели.

Свој настап на денешната програма ќе има репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска, како и екс ракометарката на Вардар и Металург, Ивана Гакидова, кои со Кољалти ќе атакуваат на нова победа во шампионатот на Турција.

Коњалти со 25 бода моментално се наоѓа на 2. позиција во тамошниот шампионат, додека актуелниот лидер Кастамону има бод повеќе, односно 26 бода.

Освен во Турција, ќе се игра во Русија и Израел. Во женскиот шампионат на Русија ќе има три дуели, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу Тољати и Звенигород.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 КОЊАЛТИ – ГОРЕЛЕ (ТУРЦИЈА)

13:00 КАСТАМОНУ – ИЗМИР (ТУРЦИЈА)

14:00 УСКУДАР – ТЕКИРДАГ (ТУРЦИЈА)

15:00 ЈАЛИКАВАК – ЈЕМЕИНАХАЛ (ТУРЦИЈА)

15:30 АСТРАХАНОЧКА – КРАСНОДАР (РУСИЈА)

16:00 ТОЉАТИ – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)

16:30 ХАПОЕЛ ЕЛИОТ – МАКАБИ (ИЗРАЕЛ)

17:00 РОСТОВ – ДИНАМО (РУСИЈА)