ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорче Петров го пречекува Куманово, Вардар гостува во Струга

Екипата на Ѓорче Петров, која е старо-нов шампион на Македонија, денес пред својата публика ќе го одигра предпоследниот натпревар за оваа сезона.

Избраничките на Симе Симовски минатиот викенд со победа над Вардар го потврдија првото место во плеј-оф фазата, а тоа значеше одбрана на шампионската титула.

Денешен ривал на Ѓорче Петров е екипата на Куманово, која на првиот меѓусебен дуел успеа да одигра нерешено против „лавиците“.

Еден час порано, односно во терминот од 17:00 часот ќе играат Стружанка и Вардар.

Низ Европа ќе се игра во неколку шампионати во машка и женска конкуренција каде што настап ќе имаат дел од македонските интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

16:00 ДИНАМО – ПЕРМ (РУСИЈА)

17:00 СТРУЖАНКА – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)

18:00 АЛПЛА ХАРД – ЛИНЦ (АВСТРИЈА)

18:00 ЛОВЌЕН – БУДУЌНОСТ (ЦРНА ГОРА)

18:00 ЧЕГЛЕДИ – БАЛАТОНФУРЕДИ (УНГАРИЈА)

18:00 НЕКА – СЕГЕД (УНГАРИЈА)

18:30 ТАТАБАЊА – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)

18:30 ЗЕНИТ – ЦСКА МОСКВА (РУСИЈА)

19:00 АРХУС – НИКОБИНГ (ДАНСКА)

19:30 СИЛКЕБОРГ – ИКАСТ (ДАНСКА)

19:30 ЛУБЕК – МОТОР (БУНДЕС ЛИГА 2)

20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ИСТРЕС – СЕЛЕСТ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ЛИМОЖ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ТУЛУЗ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)

20:30 СИНФИН – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)

21:30 АФТУРЕЛДИНГ – ХАУКАР (ИСЛАНД)