Голманот од Македонија, Градимир Чаневски, денес со екипата на Макаби Ришон Ле Зион ќе го играат првиот финален дуел од разигрувањето за титулата во Израел.
Противник на Макаби Ришон Ле Зион во финалето е составот на Хапоел Ашдод, кој во полуфиналето го елиминираше незгодниот Хапоел Ле Зион.
Освен Чаневски, важен настап ќе имаат двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, кои го носат дресот на Коњалти.
Екипата на Коњалти против Измир ќе се бори за втора победа во полуфиналната серија и пласман во финалето во најквалитетното натпреварување во Турција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 КАСТАМОНУ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)
15:00 КОЊАЛТИ – ИЗМИР (ТУРЦИЈА)
17:30 МАКАБИ ЛЕ ЗИОН – ХАПОЕЛ АШДОД (ИЗРАЕЛ)
18:00 ПАНЧЕВО – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
18:00 ЖЕЛЕЗНИЧАТ – ЈАГОДИНА (СРБИЈА)
18:15 ВАЈПЕРС – СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)
18:30 НИКОБИНГ – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
19:10 САВЕХОФ – Х 65 (ШВЕДСКА)
20:00 ХАУКАР – ИБВ (ИСЛАНД)
20:15 ИКАСТ – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)