ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Чаневски по титула во Израел, Сегед и Веспрем на мајсторка!

Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, денес ќе игра мајсторка за шампионската титула во Израел.

Ривал на тимот на Чаневски е Хапоел Ашдод, кој на последните два дуели успеа да се надмини себеси и да се избори за мајсторка.

Голема предност за Макаби Ришон Ле Зион е тоа што денешниот последен дуел од финалната серија ќе го одигра пред својата публика.

Мајсторка за прво место ќе има и во Унгарија каде актуелниот бранител на титулата ПИК Сегед ќе има уште еден тежок дуел со Веспрем.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:30 МАКАБИ ЛЕ ЗИОН – ХАПОЕЛ АШДОД (ИЗРАЕЛ)

20:30 ПИК СЕГЕД – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)

21:30 САД – МЕКСИКО (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)