Македонскиот голман Градимир Чаневски заедно со екипата на Макаби Ришон Ле Зион се наоѓаат пред голем предизвик.
Макаби Ришон Ле Зион денес против Хапоел Ашдод ќе го одигра третиот дуел од финалната серија во шампионатот на Израел.
Тимот на Чаневски веќе се наоѓа пред освојување на шампионската титула, бидејќи ги доби првите два дуели од финалната серија.
Со почеток од 18:15 часот ќе се одигра дерби дуелот во Унгарија меѓу екипите на ПИК Сегед и Веспрем.
Победникот на денешниот прв дуел од разигрувањето за титулата ќе биде поблиску до освојување на првото место.
ПИК Сегед, кој е актуелен бранител на титулата, ќе го угости Веспрем на денешниот дуел, додека реваншот е закажан за 5 јуни.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:30 МАКАБИ ЛЕ ЗИОН – ХАПОЕЛ АШДОД (ИЗРАЕЛ)
16:30 МИОВЕНИ – ДЕВА (РОМАНИЈА)
18:15 СЕГЕД – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
20:00 НИМ – СЕЛЕСТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ПСЖ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)