Групната фаза од Лигата на шампионите е пред самиот крај, а денес ќе стартува 12. коло во најквалитетното европско натпреварување.
Актуелниот бранител на титулата Барселона ќе гостува во Словенија кај Целје. Каталонскиот гигант е голем фаворит во дуелот со избраниците на Алем Тоскиќ, кои во претходното коло приредија сензација и славеа против Нант.
Полскиот шампион Келце, кој се наоѓа во финансиска криза, на свој терен ќе се соочи со тимот на Алборг. Ракометарите на Душебаев во досегашниот тек од сезоната на свое конто запишаа само два порази, додека данскиот вицепрвак има биланс од шест победи, едно реми и четири победи.
Вториот претставник од Полска во Лигата на шампионите, Висла Плоцк, која во претходното коло го изненади Магдебург, денес силите ќе ги одмери со ГОГ во Данска. Висла Плоцк со евентуална победа, или пак реми, ќе ги задржи шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Екипата на Нант во дуелот против Елверум ќе ја брка седмата сезонска победа во елитното натпреварување.
На денешната програма ќе се игра во неколку шампионати низ Европа, а свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 МАШЕКА – МЕШКОВ БРЕСТ (БЕЛОРУСИЈА)
16:30 ГОМЕЛ – АИСТ (БЕЛОРУСИЈА)
18:00 ПОЛВА – ТАЛИН (ЕСТОНИЈА)
18:00 ЗУБРИ – ДУКЛА ПРАГА (ЧЕШКА)
18:15 КОБЕРЖИЦЕ – ПЈОТРКОВИЈА (ПОЛСКА)
18:30 ПЛЗЕН – БРНО (ЧЕШКА)
18:30 ОДЕНСЕ – ИКАСТ (ДАНСКА)
18:45 ЦЕЛЈЕ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ЕЛВЕРУМ – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КЕЛЦЕ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 ВИБОРГ – РИНКОБИНГ (ДАНСКА)
20:00 БЕЗАНСОН – МЕЦ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ЗАМЕТ – ПОДРАВКА (ХРВАТКА)
20:15 СОНДЕРЈИСКЕ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
20:45 ГОГ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)