Денес е завршниот турнир во Лига на Европа во машкa конкуренција, по што ќе биде познато кој ќе биде новиот шампион во второто по квалитет европско натпреварување.
За титулата ќе се борат екипите на Фуксе Берлин и Гранољерс, кои во полуфиналните дуели беа подобри од Монпелје, односно Гепинген.
За екипата на Фуксе Берлин настапуваат двајцата поранешни ракометари на Вардар, Мијајло Марсениќ и Дејан Милосављев.
Финалето меѓу Фуксе Берлин и Гранољерс ќе започне со почеток од 18:00 часот.
За бронзениот медал во Лига на Европа ќе се борат екипите на Монпелје и Гепинген. Овој дуел е на програмата од 15:00 часот.
Ланската сезона титулата ја освои Бенфика, која во неизвесното финале беше подобра од Магдебург.
Во рамки од Европскиот Куп ќе се одигра првиот финален дуел меѓу српскиот шампион Војводина и Наербо од Норвешка.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 СТАВРОПОЛ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (РУСИЈА)
14:00 ЗЕНИТ – ДИНАМО (РУСИЈА)
15:00 ЦСКА МОСКВА – ПЕРМ (РУСИЈА)
15:00 КРАСНОДАР – САРАТОВ (РУСИЈА)
16:00 АЛБОРГ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)
15:30 МОНПЕЛЈЕ – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:00 ФУКСЕ – ГРАНОЉЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:15 ЕЛВЕРУМ – КОЛСТАД (НОРВЕШКА)
20:00 ВОЈВОДИНА – НАЕРБО (ЕВРОПСКИ КУП)