Денеска завршува Светското првенство во Германија за младинци со натпреварите за злато и бронза.
Во финалето играат домаќинот Германија и Унгарија, која по 46 години се пласираше во борба за злато во оваа конкуренција по она во Шведска во 1977 година.
За третото место ќе играат Србија и Исланд, кои вторпат ќе се соочат на овој Мундијал, откако играа и во групната фаза.
Ќе се одиграат и натпреварите меѓу Данска и Португалија за петто место, како и меѓу Фарски Острови и Хрватска за седмо место.
Младинската женска репрезентација на Македонија денеска од 14:00 часот го игра последниот натпревар на „Трофеј Карпати“ против селекцијата на Србија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:30 ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА
14:00 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА
15:30 СРБИЈА – ИСЛАНД
16:30 РОМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
18:00 ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА