ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Тројца репрезентативци на Македонија со натпревари

На денешната ракометна програма во Европа свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци.

Репрезентативката Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва ќе гостуваат кај Луч.

За Ристовска и ЦСКА Москва дуелот против младиот тим на Луч ќе биде првиот официјален натпревар во новата сезона во рускиот шампионат.

Ристовска и московската екипа пред извесен период по вторпат го освоија трофејот во рускиот Супер Куп.

Екипата на Вецлар, во која настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, а асистент е Филип Миркуловски, на домашен терен ќе го пречека Лемго.

Вецлар во првите две кола во најквалитетната лига на светот беше поразен од Магдебург и Кил.

Голманот Никола Митревски со Порто сезоната во португалскиот шампионат ќе ја започнат со дуел против Беленсеш.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 ИЖЕВСК – ТОЉАТИ (РУСИЈА)

16:30 КОНСТАНЦА – ТУРДА (РОМАНИЈА)

19:00 ВИНТЕРТУР – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)

19:00 ЛУЧ – ЦСКА МОСКВА (РУСИЈА)

19:00 МЕЛСУНГЕН – ХАМБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

19:00 ВЕЦЛАР – ЛЕМГО (БУНДЕС ЛИГА)

20:00 ПСЖ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)

20:00 МОРС – АЛБОРГ (ДАНСКА)

20:00 ШАРТ – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ФЛЕНСБУРГ – КИЛ (БУНДЕС ЛИГА)

21:00 БЕЛЕНСЕШ – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)