ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Три прволигашки натпревари за крај на сезоната!

Денес со три натпревари ќе заврши ракометната сезона во Првата машка лига, во која имаше голема битка за 2. позиција на табелата, која носи директен пласман во елитата.

Од Првата лига пласман во Супер лигата обезбедија екипите на Мулти Есенс и Аеродром, додека третопласираниот Драчево против Вардар Неготино ќе игра суперлигашки бараж.

Денешните натпревари нема да имаат никакво резултатско значење, ќе бидат само формален дел.

Од 17:00 часот ќе се сретнат екипите на Кичево и Голден Арт 2, додека од 18:00 часот во Богданци ќе играат Младост и Металург РА.

Сезоната ќе биде затворена со дуел во Автокоманда, каде новиот суперлигаш Мулти Есенс ќе го пречека Драчево.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 МИНСК – ГОМЕЛ (БЕЛОРУСИЈА)

17:00 КИЧЕВО – ГОЛДЕН АРТ 2 (МАКЕДОНИЈА)

18:00 МЛАДОСТ – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)

18:15 АЕК – ОЛИМПИЈАКОС (ГРЦИЈА)

18:15 КОЛСТАД – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)

18:30 СКЈЕРН – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)

20:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ГРАНОЉЕРС – ТОРЕЛАВЕГА (ШПАНИЈА)

20:15 АЛБОРГ – ГОГ (ДАНСКА)

20:30 МАЛАГА – ЕЛЧЕ (ШПАНИЈА)

21:00 ИБВ – ХАУКАР (ИСЛАНД)