Со натпреварот меѓу Струга и Скопје ќе стартува новото, 8. коло во плеј-оф/аут фазата во македонската елита.
Стружани влегоа во победничка серија и на последните три натпревари ги освоија бодовите против Радовиш, Вардар Неготино и Јуниор КВ.
Двете екипи на табелата имаат по 12 бода и победникот од денешниот дуел ќе направи голем исчекор во борбата за опстанок.
Освен натпреварот во Струга, на денешната програма ќе се одигра уште еден дуел од плеј-аут фазата.
Куманово на свој терен ќе го пречека незгодниот состав на Јуниор КВ. Тимот на Куманово се наоѓа далеку од опасната зона за испаѓање, додека Јуниор КВ е на претпоследното место.
Низ Европа ќе се игра во шампионатите на Турција, Португалија, Франција, Шведска, БиХ, Словенија…
Свој настап ќе има голманот на Македонија, Никола Митревски, кој со Порто ќе му гостуваат на Брага.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 БЕЈКОЗ – ИЗМИР (ТУРЦИЈА)
15:00 СКОВДЕ – ИШТАД (ШВЕДСКА)
16:00 БРАГА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)
16:00 ТУРЦИЈА – СРБИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
17:00 СТРУГА – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВОГОШЧА – ИЗВИЃАЧ (БИХ)
18:00 КОПЕР – ГОРЕЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
18:30 РИБНИЦА – КРШКО (СЛОВЕНИЈА)
18:30 ФАЈВЕРС – АЛПЛА (АВСТРИЈА)
19:00 ТРЕБЊЕ – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 СЛОВАЧКА – ХРВАТСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
19:30 КУМАНОВО – ЈУНИОР КВ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ШАРТ – ИСТР (ФРАНЦИЈА)
20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 БАРСЕЛОНА – БЕНИДОРМ (ШПАНИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ФРАНЦИЈА – БРАЗИЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ)