Денеска во центарот на вниманието на македонската ракометна јавност ќе бидат натпреварите од Струшкиот турнир.
Најпрво, во утринскиот термин од 10:30 часот, ќе играат екипите на Динамо Панчево од Србија и домаќинот Струга за петтото место.
Во терминот од 18:30 часот во битката за бронза, ќе се соочат АЕК Атина од Грција и шведскиот Ескилстуна Гуиф.
Во финалето што ќе се игра од 20:30 часот и ќе биде македонско ќе играат екипите на Вардар и Алкалоид.
Низ Европа се играат натпревари од Суперкупот на Романија, како и натпревари од шведскиот Куп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 СТРУГА – ДИНАМО ПАНЧЕВО
18:30 АЕК АТИНА – ЕСКИЛСТУНА ГУИФ
20:30 ВАРДАР – АЛКАЛОИД
14:00 КОНСТАНЦА – МИНАУР БАЈА МАРЕ
16:30 СУЧЕАВА – ДИНАМО БУКУРЕШТ