ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува Струшкиот турнир, бранителот на тронот Вардар против Алкалоид

Во следните пет дена фокусот на ракометната јавност ќе биде насочен кон Струга и отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа.

Домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер ќе го отворат турнирот, а веднаш потоа ќе излезат на терен бранителот на тронот, Вардар против Алкалоид.

По свеченото отворање, за крај на првиот ден ќе играат Бутел Скопје и словенечкиот првак Целје Лашко.

Покрај турнирот во Струга, низ Европа се играат уште неколку пријателски средби.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СТРУШКИ ТУРНИР)

18:30 ХАПОЕЛ АШДОД – ХАПОЕЛ РАМАТ ГАН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

19:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (СТРУШКИ ТУРНИР)

19:00 ПОРТО – ОНЕРЕДС (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

20:15 ХАМБУРГ – СЕН РАФАЕЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)

21:30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЦЕЛЈЕ (СТРУШКИ ТУРНИР)