Денес во Романија ќе започне Европското младинско првенство во женска конкуренција.
Меѓу учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која на континенталниот младински собир ќе биде предводена од новиот селектор Јулијана Дамчевска и нејзиниот асистент Дарко Јанев.
Македонија ќе настапи во групата Д заедно со репрезентациите на Црна Гора, Данска и Чешка. Пласман во следната фаза ќе обезбедат само првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група.
Тоа значи дека на Македонија ќе и бидат најмалку потребно две победи. Прв ривал на избраничките на Дамчевска ќе биде репрезентацијата на Црна Гора.
Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора е закажан за денес, со почеток од 18:45 часот.
На денешната програма ќе има вкупно осум натпревари, по што ќе биде познато кои репрезентации ќе се израдуваат на првите победи.
Распоред на денешните натпревари
11:45 ХРВАТСКА – ШВЕДСКА
11:45 УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА
14:00 НОРВЕШКА – СРБИЈА
14:00 ШВАЈЦАРИЈА – ХОЛАНДИЈА
16:15 ДАНСКА – ЧЕШКА
16:15 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
18:45 ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА
18:45 РОМАНИЈА – ИСЛАНД