ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува дивизијата „Исток“ во СЕХА лигата

Денес со натпреварот меѓу СКА Минск и Виктор Ставропол во рамки од дивизија „Исток“ ќе стартува новата сезона во СЕХА лигата.

Како што е веќе познато, во споредба со лани во оваа дивизија ќе има две нови екипи.

Во групата А ќе бидат Мешков Брест, Пермски Медведи, Гомел, ЦСКА Москва и Зенит.

Б групата ја сочинуваат екипите на СКА Минск, Чеховски Медведи, Машека, Виктор Ставропол и кинескиот тим Ајст Китаја.

Последното 10 коло од регуларниот дел на сезоната ќе се одигра на 10 февруари 2024 година.

Дополнително ќе бидат соопштени датумите за осминафиналните средби и дали сезонава ќе има вкрстување во четвртфиналето со тимовите од дивизијата „Југ“.

Ланската сезона на трофеј во дивизијата „Исток“ се радуваше екипата на Мешков Брест, откако во финалето славеше над СКА Минск од 32:31.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ОМСК – ПЕРМ (РУСИЈА)

16:00 АСТРАХАНОЧКА – ИЖЕВСК (РУСИЈА)

18:00 СКА МИНСК – ВИКТОР (СЕХА)

18:00 ЉУБЛИН  – ГАЛИЧАНКА (ПОЛСКА)

18:00 КРАСНОДАР – ЛУЧ (РУСИЈА)

19:00 ИШТАД – МАЛМЕ (ШВЕДСКА)

19:00 AМО – СКАНЕЛА (ШВЕДСКА

19:00 АРАНАС – ВАРБЕРГ (ШВЕДСКА)