Првото коло од вториот круг на Европското првенство во Данска носи четири интересни натпревари. Уште на стартот има дерби барем кога се во прашање имињата на селекциите. Од 20:30 часот се среќаваат Холандија и Норвешка.
Холанѓанките не одиграа како што се очекуваше во првите две кола, па затоа мораше во последното коло да се спасува и сега против Норвешка има голем тест.
Денеска ќе има и еден натпревар на домашна сцена на кој Младост ќе игра против Бутел, како и еден дуел од Лигата на шампионите меѓу Елверум и Флензбург.
Од денешниот избор се и дуелите од Бундес лигата. Таму Филип Миркуловски со Вецлар гостува кај составот на Лајпциг, додека Жарко Пешевски и Штутгарт го пречекуваат Минден и се фаворити за победа.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
18:00ч
ИСТР – СЕСОН (Франција 1)
18:15ч
ЦРНА ГОРА – РУСИЈА (Европско првенство, жени)
ХРВАТСКА – РОМАНИЈА (Европско првенство, жени)
18.45ч
ЕЛВЕРУМ – ФЛЕНЗБУРГ (Лига на шампиони)
19:00ч
ЛАЈПЦИГ – ВЕЦЛАР (Германија, Бундес лига)
ЛЕМГО – НОРДХОРН (Германија, Бундес лига)
МЕЛЗУНГЕН – КОБУРГ (Германија, Бундес лига)
ШТУГАРТ – МИНДЕН (Германија, Бундес лига)
ГУИФ – АЛИНГСАС (Шведска 1)
19:15ч
ФАДИ ВИНТЕРТУР – СТ. ГАЛЕН (Швајцарија 1)
19:30ч
МЛАДОСТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (Македонија, Супер машка лига)
20:00ч
АДЕМАР – МОРАЦО КАЊАС (Шпанија Асобал)
20:30ч
ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА (Европско првенство, жени)
ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (Европско првенство, жени)