Денес во Македонија женските тимови се враќаат на терен по два и пол месеци пауза.
Разигрувањето за опстанок нема да има важност бидејќи активна е само една конкуренција кај дамите, така што најинтересно ќе биде само во плеј-оф фазата.
Актуелниот шампион Ѓорче Петров во борбата за титулата пренесе 18 бода, додека неговите главни конкуренти Металург, Чаир и Вардар плеј-оф настапот ќе го стартуваат со 12 бода.
На денешната програма ќе се одиграат сите три дуели од плеј-аут фазата и ќе има два дуели од плеј-офот.
Дербито кај дамите ќе биде во Скопје меѓу поранешните шампиони Вардар и Металург.
Овој натпревар ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во спортската сала при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
На европска сцена ќе се одиграат три натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 БЕЛОРУСИЈА – РУСИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
13:00 ГОДЛЕН АРТ 2 – БОРЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ШАМПИОН – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ГЕВГЕЛИЈА – КУЗМАН (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ВИБОРГ – АРХУС (ДАНСКА)
14:30 КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ВРХНИКА – ЛОГАТЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
16:00 СКАНДЕРБОРГ – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)
16:00 РОМАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
16:10 ЕСБЈЕРГ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)
16:30 АЕРОДРОМ – ПАРТИЗАН (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ВАРДАР – МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ДУНАЈВАРОШ – МОШОНМАЃАРОВАР (УНГАРИЈА)
17:00 ЃЕР – ВАЦ (УНГАРИЈА)
17:30 СКОПЈЕ – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
17:30 МИХАЛОВЦЕ – ПЛЗЕН (МОЛ ЛИГА)
17:30 ЛОКОМОТИВА – ОСИЈЕК (ХРВАТСКА)
18:00 ПРЕСПА – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БЕКЕШЧАБА – НЕКА (УНГАРИЈА)
18:00 КИШВАРДА – ЕРД (УНГАРИЈА)
18:00 КОПЕНХАГЕН – ИКАСТ (ДАНСКА)
18:00 ЦВИКАУ – ТУРИНГЕР (ГЕРМАНИЈА)
18:15 ФАНА – СОЛА (НОРВЕШКА)
19:15 АКЕР – СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)
20:00 ХЕЛАС – ДИНАМИКО (ХОЛАНДИЈА)
20:25 АВСТРИЈА – УКРАИНА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
21:10 ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)