На Светското првенство во Јапонија денеска ќе биде комплетирано 2. коло во кое има интересни дуели, но и пресметки во кои селекциите од Европа се главно фаворити против конкурентите.
Сепак, има и една пресметка меѓу состави од Европа, а со него се затвора второто коло. Словенија и Норвешка тргнаа добро на Мундијалот, а денеска ги очекува меѓусебна пресметка во која ќе има што да се види. И едниот и другиот состав влагаат со амбиции за добар резултат, па за очекување е да има интересна средба. Норвежанките се фаворитки, но треба тоа и да го докажат на терен.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
10:00ч
КОНГО – ЈАПОНИЈА (Светско првенство за жени)
12:30ч
КИНА – ШВЕДСКА (Светско првенство за жени)
СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА (Светско првенство за жени)
18:00ч
СПАРТАК МОСКВА – МЕШКОВ БРЕСТ (СЕХА лига)
19:00ч
ЖЕЛЕЗНИЧАР – ДИНАМО ПАНЧЕВО (Србија Супер лига)
ХАЛБИ – ГУИФ (Шведска 1)
20:00ч
ЕСБЈЕРГ – СОНДЕРЈИСКЕ (Данска 1)
20:30ч
СЕЛФОС – ФХ ХАФНАРФЈОРДУР (Исланд 1)