ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се играат реванш средбите од осминафиналето во Лига на Европа

По одигрувањето на првите натпревари минатиот викенд во рамки од осминафиналето од Лига на Европа, денес ќе се одиграат сите осум реванш средби, по што ќе бидат познати патниците во четвртфиналето.

Неколку екипи веќе со една нога се наоѓаат меѓу најдобрите осум во второто по квалитет европско натпреварување и денешните средби за нив ќе бидат само формалност.

Екипите на Фленсбург, Гепинген, Монпелје и Кадетен против своите ривали на првите средби остварија солидна залиха.

Останатите победнички екипи од првите осминафинални средби, меѓу кои се наоѓа и Нексе, ќе бранат позитива од два до пет гола разлика на реваншот.

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска со екипата на ЦСКА Москва ќе имаат нов предизвик во шампионатот на Русија.

Свој настап ќе има и голманот Никола Митревски, кој со тимот на Порто ќе бркаат нови бодови на домашна сцена.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 ТОЉАТИ – РОСТОВ (РУСИЈА)

18:00 КУБАН – ДИНАМО (РУСИЈА)

18:00 ЗВЕНИГОРОД – ЦСКА (РУСИЈА)

18:00 ФТЦ – ВАЦ (УНГАРИЈА)

18:45 БЕНФИКА – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 НЕКСЕ – МОТОР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 АРХУС – ГРАЊОЛЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ИШТАД – КАДЕТЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ФУКСЕ – СКЈЕРН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ГЕПИНГЕН – ВАЛУР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 МОНПЕЛЈЕ – ФТЦ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 СПОРТИНГ – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

21:00 ПОРТО – АВАНКА (ПОРТУГАЛИЈА)