За денеска се најавени само неколку средби низ Европа со оглед на тоа што поголемиот дел од натпреварите беа одиграни вчера.
Вообичаено по богатиот ракометен викенд во понеделник има малку ракометни натпревари низ Европа.
Денес ќе се игра во шампионатите во Исланд, Русија, Србија и Грција.
Во Купот на Романија ќе се одигра дерби дуелот меѓу двата учесници во Лигата на шампионите, ЧСМ Букурешт и Рапид Букурешт.
Победникот од денешната пресметка ќе обезбеди пласман во четвртфиналето од романскиот Куп.
Свој настап ќе има репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, која со ЦСКА Москва во рамки од плеј-оф фазата во шампионатот на Русија ќе имаат нов дуел со незгодниот состав на Астраханочка.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ЧСМ БУКУРЕШТ – РАПИД БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
16:30 ДИНАМО – ТОЉАТИ (РУСИЈА)
17:30 ЦСКА МОСКВА – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)
17:30 КРАСНОДАР – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)
18:00 БОР – ПАНЧЕВО (СРБИЈА)
18:30 АЕК – ЈОНИКОС (ГРЦИЈА)
19:30 НИШ – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА)
20:30 АФТУРЕЛДИНГ – ХАУКАР (ИСЛАНД)