ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Продолжуваат возбудувањата во Бундес лигата

Во најквалитетната лига на светот денес ќе се одиграат неколку интересни средби.

Актуелниот лидер во Бундес лигата, тимот на Кил, на домашен терен ќе игра против Вецлар и ќе мора да победи доколку посакува да го сочува првото место, бидејќи до крајот од сезоната има уште едно коло.

Кил има 55 бода на табелата, додека Магдебург, кој во претпоследното коло ќе игра со екипата на Штутгарт, на свое конто има 53 бода.

Избраниците на Филип Јиха во последното коло ќе се сретнат со Гепинген, додека Магдебург ќе гостува на незгодниот терен кај Вецлар, па така последното коло може да го одлучи шампионот.

Денес свој настап ќе имаат двете репрезентативки на Македнија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, кои со екипата на Коњалти ќе се обидат да израмнат на 2-2 во финалната серија против Кастамону и да се изборат за мајсторка во турскиот шампионат.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 КОЊАЛТИ – КАСТАМОНУ (ТУРЦИЈА)

18:15 ЕЛВЕРУМ – КОЛСТАД (НОРВЕШКА)

19:05 ФУКСЕ БЕРЛИН – ХАМБУРГ (БУНЕС ЛИГА)

19:05 КИЛ – ВЕЦЛАР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ЛАЈПЦИГ – ЛЕМГО (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 МЕЛСУНГЕН – ВЕСТФАЛЕН (БУНДЕС ЛИГА)

21:30 МЕКСИКО – КАНАДА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)