ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнува романското првенство, Крстевски и Фочани на гости кај Констанца

По богатиот викенд со ракометни натпревари и Струшкиот турнир, денешниот ден не носи голем број дуели низ Европа.

Со натпреварот меѓу Констанца и Фочани, каде што настапува македонскиот репрезентативец Горан Крстевски, ќе започне новата сезона од романското првенство.

Покрај тој дуел, ќе се игра натпревар и во Купот на Шведска, како и неколку пријателски двобои низ Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 КОНСТАНЦА – ФОЧАНИ (РОМАНИЈА)

19:00 ДРОТ – ВАРБЕРГ (КУП НА ШВЕДСКА)