Денеска во центарот на вниманието на ракометната јавност во Македонија ќе бидат натпреварите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и на женскиот турнир „Ѓорче Куп“.
Во Ѓорче Петров ќе има распределба на медалите. Во финалето ќе играат српските тимови Црвена Ѕвезда и Железничар Инџија.
Домаќинот Ѓорче Петров ќе игра за третото место, односно за бронзата против Бекамент Буковичка Бања.
На меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, домаќинот Прилеп ќе се бори за финале во директен дуел со Дубочица Лесковац, додека интересен дуел би требало да одиграат финскиот Кокс и Еурофарм Пелистер 2.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:00 БОР – ВАРДАР
12:00 ПАНОРАМА – ПАОК
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БЕКАМЕНТ ББ
21:00 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ЖЕЛЕЗНИЧАР ИНЏИЈА
13:00 СКОПЈЕ – СТРУГА
15:00 ПРОЛЕТ – МУЛТИ ЕСЕНС
17:00 КОКС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:00 ПРИЛЕП – ДУБОЧИЦА ЛЕСКОВАЦ
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.